Ердоган и Путин телефонски разговараа за Сирија
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараа за Сирија, јави Анадолија.
Претседателот на Турција за време на разговорот му кажал на Путин дека неодамнешниот напад на силите лојални на режимот на Башар ал Асад врз турските трупи им наштетил на заедничките напори кои двете земји ги вложуваат во постигнувањето на мирот во Сирија.
Исто така, Ердоган рече дека Турција, како одговор на таквите напади и понатаму ќе го користи правото на самоодбрана.
Двајцата претседатели разговараа и за билатералните односи, како и за другите случувања во Сирија и Либија.
Турската авијација и артилерија вчера извршија 54 напади врз цели во Идлиб, при што загинаа 76 сириски војници. Нападите се случија откако петмина турски војници и тројца цивили беа убиени во гранатирање со сириските владини сили во Идлиб.
Ново на Сител
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември
-
Светска банка ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,1% годинава
-
Македонија од денеска во СЕПА, плаќањето кон ЕУ поевтино
-
Дали е безбедна ајварката?
-
Синдикат на судска полиција: Незадоволително ниво на безбедноста на судовите
-
Мали шанси да се укине ветото во ЕУ, но големи шанси за притисок врз блокирачите