Loading Video...
Спорт плус
21. јуни 2023 - 19:56
ЕП: Прво место за Трајковски, државен рекорд за македонската штафета
Утрово на Европското екипно првенство во третата дивизија кое се одржува во Силесиа, Полска, нашиот атлетичар, Андреас Трајковски, го освои првото место во скок во далечина со скок од 7.73 метри и се пласира пред Ифраимов од Израел и Кангели од Албанија.
Со првото место Андреас освои максимални 15 поени за атлетската репрезентација на Македонија, кои ќе влезат во генералното бодување на сите држави учеснички во оваа дивизија.
Претходно Андреас настапи во дисциплината на 100 метри, каде истрча за време од 10.81 секунди и ја освои петтата позиција.
Македонската штафета на 4 х 100 метри, во состав: Андреас Трајковски, Огнен Стефановски, Михаил Петров и Јован Стојоски постави нов национален рекорд од 41.75 секунди и го освои 5-то место подобрувајќи го досегашниот рекорд за повеќе од една секунда.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->