-->
-->
ЕП 2016: Албанија чека пораз на Португалија!
-->
Репрезентацијата на Албанија го оствари најголемиот успех досега во својата фудбалска историја но се уште има надеж дека тој успех може да биде и поголем доколку се оствари пласман во 1/8 финалето.
Сметките во голема мерка ги расипа Турција која ја совлада Чешка со два гола разлика и сега има предност пред нашиот западен сосед бидејќи со ист број бодови има иста гол разлика.

Многу поразлична ќе беше приказната доколку Турција одиграше нерешено со Чесите или пак победеше со само еден гол разлика.
Вака Албанија сега треба да се надева на пораз на Португалија во дуелот со Унгарија која веќе е пласирана во следната фаза. Исто така без победи денеска да останат Шведска и Република Ирска.
Доколку Португалија одигра нерешено или пак Ирска забележи победа против Италија тогаш Албанија заминува дома.
Засега само две третопласирани селекции се во осминафиналето, тоа се Словачка и Северна Ирска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница
-
Училиштата ќе се финансираат според реалниот трошок за образование на еден ученик
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи