ЕЛЕМ: СДСМ ја манипулира јавноста и шири груби дезинформации

АД Електрани на Македонија преку соопштение до медиумите реагира на денешната прес-конференција на Васко Ковачевски од СДСМ на која обвини дека на 2 март годинава бил склучен договор за ископ зна јаглен и јаловина во РЕК Битола со битолската фирма Марковски без објавување на тендер.
- СДСМ во обид да собере ситно политички поени, се надминува во пласирање невистини за работењето на АД ЕЛЕМ. АД Електрани на Македонија најодговорно тврди дека сите постапки кои се спроведени се транспарентни и во согласност со законите. Во конкретниот случај, тендерската постапка за избор на фирма за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ е спроведена по итна постапка откако за тоа е добиено одобрение од Советот за Јавни Набавки, што јасно говори дека се почитувани сите законски регулативи, се вели во реакцијата од АД ЕЛЕМ.
Во интерес на вистината, се додава, АД ЕЛЕМ на јавен увид ќе ја стави целата документација поврзана со постапката за избор на најповолен понудувач.
- Откако ќе се увидат фактите, очекуваме јавно извинување од господинот Ковачевски за грубите манипулации, а во спротивно ќе бидат преземени сите законски можности за поднесување тужба за клеветење. Исто така, укажуваме и дека медиумите кои ја пренесоа дезинформацијата од Ковачевски се должни да го пренесат нашиот демант, се потенцира во реакцијата од АД ЕЛЕМ и се додава дека .и понатаму остануваат максимално посветени на обезбедување сигурен енергетски сектор и ќе продолжи да носи одлуки кои ќе бидат во согласност со потребите на граѓаните и стопанството.
Ново на Сител
-

Шефот на германската дипломатија пристигна во Скопје на средба со министерот Муцунски
-

Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
-

Студентите можат да аплицираат за ваучер од 250 евра за нов компјутер
-

Утре почнува судењето за “Пулс” - едно од најкомплицираните судења во македонската историја
-

Надзорна расправа за Кочани: Власта го прифати барањето на опозицијата уште пред да биде поднесено
-

Шефот на германската дипломатија Вадефул попладнево доаѓа во Скопје
-

Опозициски пратенички прашања: Бугарија, ИПАРД афера, извештај на ЕК
-

Петмина кандидати за претседател на ДКСК ги поминаа интервјуата во Собрание
