Кошарка
21. October 2016 - 9:36

ЕЛ: 3000 поени за Спанулис

Легендата на грчката кошарка Василис Спанулис е вториот кошаркар во Евролигата кој постигна 3000 поени откако на дуелот со Ефес Пилсен (90-66) успеа да постигне 19 поени.

Прв на листата е Шпанецот Хуан Наваро со 3922 поени.