ЕК одобри седма вакцина против Ковид-19
Европската комисија даде зелено светло за нова вакцина на европскиот пазар, произведено од Санофи и ГСК, јави дописничката на МИА од Брисел.
Вакцината на Санофи и ГСК е базирана на протеин и од сега има дозвола за влез на пазарот на ЕУ како бустер доза во борбата против коронавирусот.
Европската комисија, врз основа на научното мислење на Европската агенција за лекови (ЕМА), оцени дека оваа седма одобрена вакцина може да се користи како бустер доза кај возрасни лица.
ЕМА ја смета вакцината за безбедна, сигурно и квалитетна.
Согласно договорот склучен од страна на Европската комисија со фармацевтските компании, земјите членки ќе можат да набават 300 илјади дози од оваа вакцина доколку сакаат. Можат исто така да ги набават за да ги дистрибуираат на земји со низок и среден приход.
Ново на Сител
-

ДИК: Избрани 44 градоначалници во прв круг, гласање во втор круг во 33 општини
-

3 дена до изборен молк, кандидатите ја бараат поддршката со конкретни проекти
-

Буџетот во 2026 година ќе тежи 6,7 милијарди евра
-

Меѓународен форум за енергетика
-

Академијата за обука на административните службеници ќе стартува во 2027
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведените од Комуналец и утрово во полициска станица
-

Меѓународен форум за енергија во Скопје
