Македонија
4. November 2025 - 19:52

ЕК ги презентираше извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ

Најпрво во Брисел, а попладнево и пред пратениците во македонското Собрание, Европската комисија го презентираше извештајот напредокот на земјава на евроитегративниот пат.

Уставните измени остануваат услов кој Македонија не го исполнила, а најслаб перформанс на реформите се нотирани во делот на владеењето на правото и правосудството.

Од земјите во регионот највисоки оценки добиваат Црна Гора и Албанија, а Македонија е групирана со земјите со проблематизиран напредок, Србија и БиХ.