Живот
16. September 2015 - 18:29

Едвај преживеал откако неговата e-цигара му експлодирала во уста

23-годишно момче од Грузија претрпелo изгореници од прв степен и се здобилo со дупка на устата откако неговата е-цигара експлодирала додека пушел, пишува Daily Mail.
 
Џејмс Лауриа на интензивна нега поминал седум дена, откако се здобил со изгореници од првиот степен, а и фрактура на вратот и прстот.
 
Тој морал да биде поврзан со цефка за да може да дише, а поради експлозијата ја загубил и долната вилица.
 
Шест месеци после несреќата Џејмс се уште не може да јаде нормално, па затоа е на тешка диета. 
 
- Среќен сум што сум жив, знам колку имав среќа. Ако мојата приказна се прошири и спречи ова да м усе случи на некој друг, ќе знам дека сум направил добра работа, - изјавил
младиот Џејмс.