-->
-->
Едуардо се враќа во Шахтјор
-->
Бразилецот, Едуардо Да Силва повторно се враќа во редовите на украинскиот клуб Шахтјор Доњецк по една година мината во бразилскиот клуб Фламенго.
Хрватскиот репрезентативец изјави дека едноставно неможел да ја одбие понуда од украинската екипа.
- Го почитувам Фламенго, но добив понуда што не можам да ја одбијам па се враќам во Украина, каде повторно ќе го носам дресот на Шахтјор Доњецк - изјави Едуардо Да Силва за бразилските медиуми.
Раководството на Шахтјор Доњецк се обидува да доведе нови аквизиции во својот тим, со оглед дека тимот го напуштија двајца одлични фудбалери, Даглас Коста, кој потпиша за Баерн Минхен, и Луиз Адријано, кој е нов член на италијанскиот калчолигаш Милан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели