-->
-->
Едно лице загина, а едно е хоспитализирано во пожар во куќа во Скопје
-->
- Во пожар во куќа во Скопје што се случил ноќеска починало едно лице, а едно е хоспитализрано со симптоми на гушење.
Како што соопшти МВР, на 18.12.2024 во 00.51 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Финска“ во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на М.А.(71).
- При гаснење на пожарот, од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје бил пронајден починат сопственикот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Додека, неговата сопруга А.В.(68) со симптоми на гушење била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, наведуваат од МВР.
Пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа на СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Зошто началничката на кочанската полиција не е опфатена со истрагата?
-
Судски не ја разгледал пресудата на Управен за уставната судијка Дуковска
-
Мицкоски: Не ме изненадуваат бугарските позиции
-
Јаневска: Контролите се засилени – учениците да не се обидуваат да препишуваат
-
Измени на Законот за работни односи
-
Неколку кандидати се борат за кандидатурата за Град Скопје во ВМРО-ДПМНЕ
-
80 години Државен завод за статистика
-
ВРЕДИ: 400 нови пожарникари