Loading Video...
Спорт плус
9. February 2020 - 17:22

Еден-два победа на Швајцарците во паралел-велеслалом

 
Швајцарските скијачи ги освоија првите две места на денешната трка во паралел-велеслалом што се одржа во францускиот Шамони. 
 
Во финалната трка, Лоиц Милард за само 25.стотинки беше побрз од својот сонародник Томас Тумлер, додека третото место со заостанување од 34.стотинки ми припадна на германецот, Александер Шмит
 
од водечкото трио во трката за големиот кристален глобус, најдобар пласман оствари Норвежанецот, Александер Амод Килде кој беше седми, додека неговиот сонародник Хенрик Кристоферсон беше десетти, а Французинот, Алекс Пинтуро заврши на 13.место. 
 
По оваа трка  во генералниот поредок лидерот Кристоферсон има 903 бодови, 47 повеќе од Килде, а Пунтуро заостанува 61 бод зад лидерот.