Loading Video...
  
Ф1
22. September 2019 - 17:03
  Еден-два победа на Ферари на Гранд-прито на Сингапур
Тимот на Ферари оствари еден-два победа на денешната трка во Формула 1 шампионатот што се возеше за Големата награда на Сингапур.
До својата прва победа сезонава стигна Себастијан Фетел кој беше најбрз и најснаодлив во конфузната трка на патеката „Марина Беј“. 
Германецот, со тоа ја прекина низата од три победи на тимскиот колега Чарлс Леклерк кој заврши како второ пласиран, а место на пиедесталот обезбеди и Макс Верстапен од Ред Бул
Зад оваа тројка завршија возачите на Мерцедес Луси Хамилтон и Валтери Ботас.
Сепак Хамилтон останува лидер во Генералниот поредок сега со 296 бодови, пред Ботас кој има 231, а по точно 200 бодови досега собраа Леклерк и Верстапен, додека денешниот победник Фетел е пети со 194. 
Веќе следниот викенд на програмата е руското Гранд-при. 
-   
   Игор ТрпескиСите содржини од овој новинар
  		
		-->
  
	
  
		-->
  
	
 
 
 
 
 
 
 
