Ѕверското убиство на малата Ангелина го откри и убиецот на Јелена?
Се отплеткува приказната за свирепото убиство на ѕвездата на Гранд, 33-годишната пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ. Пејачката која пред три ипол месеци беше убиена на насипот кај Борча, во Црвенка, беше брутално мачена и крвнички удирана во главата. И после толку месеци полицијата не може да го најде убиецот од кој стравува целото село, бидејќи професионално ја извршил работата без да остави ниту една трага.
Сепак, по последното грозоморно убиство во Србија, кога Владица Р. ја силуваше и уби тригодишната Ангелина, па се дозна дека убил уште една жена, стана јасно дека е сериски убиец, а полицијата е на нова трага по сознанието дека бил фан на Јелена Крсмановиќ.
Со оглед на тоа дека убиствата се извршени на истиот начин, Ангелина беше удирана со камен во главата, а исто така и Јелена, по што двете беа ѕверски мачени и усмртени, полицијата се сомнева дека Владица кој ја зави Србија и регионот во црно, е убиецот и на пејачката.
Истрагата покажа дека Ангелина, Драгана и Јелена се убиени на ист начин. Удирани се со тап предмет во главата по што им прснал черепот.
Сега полицијата го испитува Владица дали има поврзаност со делото.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика