ДЗСИ: Медицинската документација за починатото новороденче од Прилеп уредно водена од болницата
Не се констатирани недостатоци од наша надлежност. Односно, медицинската документација и во прилепската болница и во Клиниката за детски болести од Скопје е уредно водена, вели Рената Младеновска, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Деталниот извештај за вонредниот инспекциски надзор во Прилепската болница и на Детската клиника за случајот со новороденчето од Прилеп кое почина на клиниката во Скопје, се подготвува и ќе биде објавен во текот на денот.
- Наша надлежност беше да ја испитаме целосната документација и за родилката и за новороденчето. Ниту во Прилепската болница, ниту на Клиниката за детски болести не се пронајдени недостатоци. Документациите се уредно водени. Деталниот извештај за вонредниот инспекциски надзор на Инспекторатот се подготвува и треба да биде готов во текот на денот, ни рече телефонски Младеновска.
Инаку, неодамна, на прес-конференција министерот за здравство Фатмир Меџити најави формирање стручна комисија за целосно расчистување на случајот. Прилепското основно јавно обвинителство отвори предмет за случајот, по пријава на родителите на починатото новороденче.
Бебето здраво и без проблеми се роди на 27 октомври во прилепската болница. По три дена со тешкотии во дишењето е префрлено на лекување во Клиниката за детски болести во Скопје каде, поради сепса почина по една недела.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит