Џорџ Клуни ќе донира 2,25 милиони долари за сириските деца бегалци
Фондацијата на американскиот глумец Џорџ Клуни има намера да донира 2,25 милиони долари за отворање седум училишта за 3.000 сириски деца бегалци во Либан, јавува „Гардијан“.
- Фондацијата не сака да се дозволи илјадници млади луѓе да останат „загубена генерација". Тие се жртви на географијата и состојбите, но тоа не значи дека нема надеж. Со оваа иницијатива ние имаме за цел -помош и обезбедување образование за сириските деца бегалци, и од нив да произлезат идните лидери, коишто на нивната генерација очајно им требаат, соопштија актерот и неговата сопруга Амал Клуни.
Освен „Клуни Фондацијата за правда", во проектот учествуваат и Гугл и Хјулет-Пакард.
Од Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ), којшто раководи со проектот, соопштија дека поддршката од семејството Клуни е „инвестирање во иднината на целиот регион". Либан веќе ги осознал добрите намери на ѕвездите од џет-сетот, додаваат оттаму.
Либанскиот министер за образование, Маруан Хамаде изјави дека неговата држава е благодарна на хуманиот гест.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ненов од движењето Стоп извршители
-
Почина родилка во кумановската болница, новороденчето на интензивна на Детска
-
Струмица и шест села останаа без исправна вода за пиење
-
Законот за нефер трговски практики стапи на сила, поевтинување нема
-
Софија одби медијаторство на Орбан во разговорите со Скопје, различни анализи што всушност понуди унгарскиот премиер
-
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор утврдил сомнителни набавки од Владата на СДСМ
-
Расте потребата од образовни асистенти
-
Пристап до безбеден абортус е здравствено право на секоја жена