Џо Бајден во посета на Истанбул
Американскиот потпретседател Џо Бајден пристигна синоќа од Давос во важна посета на Истанбул, објави весникот „Милиет“.
Бајден ќе се сретне со премиерот Ахмет Давутоглу и со претседателот Реџеп Таип Ердоган, а утре ќе има средби со граѓански организации.
Главна тема на разговорите на Бајден со турските лидери се очекува да биде борбата против џихадистичката група „Исламска држава“ во Ирак и во Сирија. Најважното прашање за време на разговорите ќе бидат дејствијата на Русија во Сирија, наведува весникот.
Пораките, упатени од САД во врска со дејствијата на Русија во Сирија, уште повеќе го засилија меѓународниот интерес кон посетата на Бајден на Истанбул, пишува „Милиет“.
Весникот го цитира американскиот министер за одбрана Ештон Картер, кој во Париз изјави дека Русија прави погрешен стратегиски чекор во Сирија.
Во врска со посетата на Бајден на Истанбул, ќе бидат преземени зајакнати мерки за безбедност, најмногу во квартот Бешикташ, каде се наоѓа хотелот „Конрад“, во кој ќе престојува Бајден. Улиците во реонот ќе бидат затворени за движење.
Ново на Сител
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк
-
„Марш за ангелите“ во Кочани