-->
-->
Џерард ја заврши кариерата
-->
Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард денеска објави дека завршува со играчката кариера.
- Сега размислувам неколку опции и ќе ве информирам за понатамошните чекори во мојата кариера, соопшти прославениот англиски фудбалер.
Тој последните две сезони настапуваше во американската МЛС лига за екипата на ЛА Галакси.
Најголем дел од својата кариера, речиси 20 години помина на „Енфлид“ настапувајќи за Ливерпул. Во „црвениот“ дрес одигра 710 натпревари и постигна 186 гола, но не успеа да ја освои Премиер лигата.
Има трофеи од Лигата на шампионите, Купот на УЕФА, Европскиот супер куп, три Лига купа, два ФА купа еден Комјунити шилд.
За Англија одигра 114 натпревари и постигна 21 гола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати