Џет-Сет
13. March 2017 - 14:43

Џастин Бибер расплака обожавателка во Австралија

Џастин Бибер се соочи со славата уште на својата 14-годишна возраст, кога ги сними првите свои обработки на песните на Џастин Тимберлејк, но денес девет година подоцна, неговото трпение кон фановите е се помало.

Популарниот поп-пејач во рамките на турнејата „Purpous", одржа концерт и во австралискиот град Мелбурн. Како и вообичаено, илјадници обожаватели „го нападнаа“ пред хотелот „Краун Казино“, за да си направат селфи со него.

- Погледнете колку ви е нивото на почитување. Погледни се! Ми се гади од тебе, и рече Бибер на една обожавателка која трчаше кон него.

Локалните репортери веднаш го најдоа несреќното девојче, чие име е Себах Хелал.

- Потрчав да го замолам за фотографија, а тој ми рече дека му ја нарушувам приватноста, рече таа.

Нејзината мајка додава дека по концертот, разочараната  и понижена обожавателка исплакала „море од солзи“.