Македонија
28. December 2024 - 17:51

Лице барано по судска наредба со соучесник физички нападнале полициски службеници - следува пријава

Полициски службеници од СВР Скопје утрово во 3.50 часот во Скопје ги лишиле од слобода В.Н.(28), кој инаку и претходно бил баран по судска наредба и А.П.(27) двајцата од Скопје, поради тоа што околу 3.30 часот во поранешна фабрика на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, движејќи се со патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, не застанале на даден полициски знак, при што по преземени мерки биле пронајдени и физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.