ЈО: Деспотовски под истрага за злоупотреба на службената положба, предложено да му се одземе пасошот
Надлежниот јавен обвинител доставил предлог до Основниот кривичен суд Скопје за одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост за поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, за кого се води истрага за злоупотреба на службената положба.
Како што информираа од Основното јавно обвинителство Скопје, во тек се активности од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција
-Основното јавно обвинителство Скопје води истрага за злоупотреба на службената положба Основното јавно обвинителство Скопје започна претходна постапка против едно лице поради основано сомневање за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување, според член 353 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител достави предлог до Основниот кривичен суд Скопје за одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост. Во тек се активности од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција. Двете институции ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа, стои во соопштението од ОЈО.
Претходно, дел од медиумите објавија дека Деспотовски бил приведен за наводна проневера на два милиона евра во ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Штип, по што тој демантираше дека веста не е точна.
-Во врска со информациите кои се појавија во јавноста за наводно приведување сакам да ја информирам јавноста дека сите наводи за такво дејствие се неточни.Објавената информација од дел од медиумите ја сметам за намерно или ненамерно дезинформирање на јавноста. Во моментов, ги преземам сите потребни правни чекори за заштита на мојата чест и углед. Мојата достапност и за институциите и за медиумите досега е потврдена во пракса и ќе остане така и во иднина. Навистина очекувам медиумите да ја проверат точноста на информациите пред нивно објавување, со цел да избегнат понатамошно ширење на дезинформации, стои во демантот.
Ново на Сител
-
Од први јуни авиолинии до уште три градови во Турција
-
УХМР: Не очекува потопло и посушно лето
-
Кулминација на конфликтите меѓу САД и Кина: студенти, компании, минерали, чипови
-
Лавров и Рубио разговараа за Украина во пресрет на денешната рунда мировни преговори во Истанбул
-
Русија ноќеска соборила 162 украински дронови
-
Шест лица повредени во Колорадо од Молотови коктели, ФБИ смета дека е терористички чин | ВИДЕО
-
Аналена Бербок денеска се избира за претседателка на Генералното собрание на ОН
-
Алкараз победи на 100 натпревари во 119 натпревари на земја - само Надал го направи тоа побрзо