Дводневен семинар за „Користење на унифицирана судска пракса“
Во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи и Судскиот колеџ од Лондон, а со поддршка од Британската амбасада во Република Македонија, денеска и утре во Скопје ќе одржи семинар за „Користење на унифицирана судска пракса“.
Семинарот, како што информираат од Академијата, ќе се одржи на два одделни настани на кои ќе учествуваат судии одговорни за судската пракса во Македонија кои воедно ја следат и судската пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, како и претставници на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.
На отворањето на семинарот ќе се обратат министерот за правда Аднан Јашари, британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска.
Излагања поврзани со темата на семинарот ќе имаат судиите од Судскиот колеџ од Лондон, Џоана Корнер и Марк Оклтон.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз