-->
-->
Две дојави за бомби на концертот на Девито во Скопје
-->

Две закани за бомби пристигнале за време на концертот на раперот познат под уметничкото име Девито, што се одржа на 22 ноември во салата „Јане Сандански“ во Скопјe.
Од полицијата соопштија дека во 20:51 и 21:17 часот, на линијата 112, биле примени повици за наводно подметнати експлозивни направи во спортската сала „Јане Сандански“ и хотелот до неа.
Салата не беше евакуирана за време на концертот. Полицијата реагирала веднаш, биле извршени сите проверки и било утврдено дека пријавите се лажни. Сè уште се преземаат мерки за расветлување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Се срамиме пред Стразбур од оние кои го контаминираат судството и обвинителството
-

Инспекторите на УЈП осомничени дека примале поткуп од сопственикот на кочанската дискотека
-

Стратегијата за образование денеска поставена на ЕНЕР - јавноста може да дава предлози и препораки
-

Отворен ресурсен центар за поддршка и развој на општините
-

Младите сакаат државата да влезе во Европската Унија но се повеќе губат надеж дека тоа ќе се случи наскоро
-

Се реконструира плоштадот Крушевска република
-

Четврти фемицид годинава, аларм за институциите
-

Преглед на вестите од светот
