Двајца загинати и двајца повредени во сообраќајка на патот Тетово-Јажинце
Две лица загинаа, а уште две се повредени во тешката сообраќајна несреќа што попладнево околу 16 часот и 25 минути се случила на регионалниот пат Тетово - Јажинце на просторот помеѓу селата Одри и Беловиште, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите првични информации, во посочениот период директно се судриле Лада 1500 со тетовски регистарски таблички управувана од С.Г.(76) од Глоѓи и Опел Вектра, исто така, со тетовски регистарски таблички управуван од С.Б.(43) од Старо Село.
- Од судирот на двете возила возачот на Ладата се здобил со повреди од кои починал на самото место додека неговата сопруга Т.Г. која била сопатничка починала во возилото на Брза помош на пат кон тетовската болница. Возачот на Опелот и неговиот сопатник и соселанец Р.С. (24) се здобиле со телесни повреди во судирот и двајцата биле префрлени во Тетовската болница. По укажаната помош возачот бил задржан за лекување додека сопатникот бил пуштен на домашно лекување, посочи Јосифовски.
Во моментот на местото на несреќата се врши увид од јавен обвиунител и екипа на СВР Тетово за утврдување на причините поради кои дошло до сообраќајката.
Ново на Сител
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска
-
ОЈО почна истрага за членот на „Десна“ кој се ослободил од пиштолот со кој Палчо пукал
-
Кумановец возел со 2,37 промили алкохол во крвта па удрил во паркирано возило
-
Уапсени двајца возачи, едниот возел со 1,90 промили алкохол, другиот со 1,60 промили алкохол во крвта
-
Јаневска: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем