Двајца тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје - Тетово - Гостивар
Две лица се тешко повредени откако „БМВ“ со тетовски регистарски таблички што го управувал И.А.(38) од Боговиње загубило контрола, излетало од коловоз и се превртело.
Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, сообраќајката се случила денеска околу 14 часот и 10 минути на автопатот Скопје - Тетово - Гостивар во близина на Брвеничкиот надвозник.
- Од излетувањето и превртувањето, возачот и неговиот сопатник Р.Е.(46) од Камењане здобиле телесни и тешки повреди и со медицинско возило се пренесени во тетовската клиничка болница. Поради сериозноста на повредите на грбот, сопатникот ќе биде префрлен на скопските клиники, додека возачот е задржан на натамошно лекување во Тетово, изјави Јосифовски.
Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово. Се утврдува причината за сообраќајната несреќа. Засега се смета дека причина е неприлагодена брзина на патот.
Вкупната материјална штета се проценува на 200.000 денари.
Ново на Сител
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот