Двајца Сиријци подготвувале напад во Германија
Германската полиција денеска изврши претрес во домот на двајца браќа по потекло од Сирија, на возраст од 21 и 30 години, кои се осомничени за врски со милитантната група Исламска Држава (ИД).
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според јавното обвинителство во Франкфурт, двајцата осомничени подготвувале напад врз засега непознати цели.
При претресот полицијата конфискувала гасен пиштол, хард дискови, мобилни телефони и 14 илјади евра. но засега не е издаден налог за апсење на браќата, кои според обвинителството извршиле „сериозан акт на насилна субверзија“.
Постариот од двајцата браќа во Германија влегол во февруари 2015 година со фалсификуван пасош од страна на ИД, поради што бил осуден минатата година. Тој преку социјалните медиуми ја промовирал Исламската држава, им се заканувал на германските власти и го оправдувал ланскиот терористички напад во Париз.
Ново на Сител
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот