Свет
17. December 2017 - 9:09

Двајца новинари на „Национална географија“ избодени во Габон

Двајца дански новинари на „Национална географија“ (National geographic) се избодени во Либрвил, главниот град на Габон.
 
Еден од повредените новинари е во критична здравствена состојба.
 
Според очевидци на инцидентот, мажот кој ги нападнал извикал „Алах акбар“, а на полицијата им кажал дека бил мотивиран од нападите на САД против муслиманите и нивното признавање на Ерусалим како главен град на Израел.
 
Напаѓачот, кој е идентификуван како 53-годишен Нигериец, кој живее во Габон, е уапсен