Македонија
9. October 2025 - 9:58

Двајца македонски државјани се приведени со непријавени пари на аеродромот во Тирана

Двајца македонски државјани се приведени на меѓународниот аеродром во Тирана, кај кои биле откриени евра и денари, кои не ги пријавиле.

Од македонските државјани, кои требало да патуваат за Норвешка, биле откриени и запленети  22.805 евра, 2.600 македонски денари.

Според полициското соопштение кај  лицето А.Ј. (33) биле пронајдени 11.800 евра и 2.600 македонски денари, додека кај  Б.И. (43) 11.005 евра, кои не ги пријавиле.

Процедуралните материјали се предадени до Обвинителството во Тирана за понатамошно постапување.

 

МИА