Дваесет и шест години дипломатски односи со САД
САД и Македонија, со меѓусебната почит како стратешки партнери, се посветени на заедничките заложби и вредности за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот, како и на заедничките активности во борбата против тероризмот и против другите закани за мирот ширум светот.
Ова денеска на Фејсбук го објави премиерот Зоран Заев потсетувајќи дека на 13 септември 1995, тогашниот претседател на Соединетите Американски Држави, Бил Клинтон ја објави коресподенцијата со претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров со која се потврдува одлуката на САД за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, само две години по отворањето на Канцеларијата за врски на Америка во Скопје.
-Со нашето полноправно членство во НАТО, пријателството со САД доби нова димензија во зајакнувањето на безбедноста, слободата и демократскиот просперитет на Република Македонија и во целиот регион, пишува Заев на Фејсбук.
Според него, громна е поддршката на САД и преку донациите доделени преку различните проекти и програми на УСАИД во Македонија. Таа поддршка, додава Заев, ја покажува длабоката почит на САД за Македонија, која за нас е исклучително важна и во спроведувањето на нашата агенда за реформи.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци