Дваесет и четири заболени од морбили во Струга
Во епидемиолошката служба при подрачната единца на Центарот за јавно здравје во Струга се регистрирани 24 лица заболени од морбили.
Раководителот на епидемилошката служба Добриевое Кузманоски информира дека меѓу заболените има тримесечни бебиња и лица на возраст од 50 години.
– Повеќето од заразените се возрасни, но има шест бебиња до една година. Освен бебињата и еден повозрасен пациент, останатите сите се вакцинирани со МРП вакцина, некои со една, а некои со две дози, изјави Кузманоски за МИА.
Препорачува да се избегнува контакт со заразени лица и вакцинација на здравствените работници.
– Вакцинираните лица полесно го прележуваат вирусот, со лесна клиничка форма, додека кај оние без примена вакцина може да настанат поголеми компликации, вели Кузманоски.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Митинг на СДСМ
-
Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ
-
Скапата терапија проблем за лицата со ретки болести
-
Преглед на вестите од светот
-
Ветото ја кочи ЕУ, отпор кон предлогот на Кошта за квалификувано мнозинство
-
Советниците на Град Скопје ја завршија последната седница за нецели 5 минути и заминаа на коктел
-
Мицкоски и Филипче се обивнуваат за црна кампања