Дутерте им се закани на корумпираните: Ќе ве исфрлам од хеликоптер
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте им се закани на корумпираните функционери дека ќе ги исфрли од хеликоптер во воздух, наведувајќи дека тое веќе го правел.
- Доколку сте корумпирани, ќе ве соберам со хеликоптер и ќе ве исфрлам од него, рече Дутерте, кој води своевидна војна против корупцијата и дрогата.
Портпаролот на претседателот, во намера малку да ја ублажи изјавата на Дутерте, рече дека тие наводи „се урбана легенда“, пренесе Би-Би-Си.
Дутерте ова го изјави во вторникот, а неговата канцеларија објави и видео клип.
-Тоа сум го правел порано, зошто да не го повторам, рече Дутерте, наведувајќи дека неговите „жртви“ биле киднапери кои убиле заложници.
Два дена подоцна, претседателот на Филипини, најверојатно почуствува потреба да се огради од поретходно кажаното.
-Хеликоптер, за да се исфрлат некои лица? Доколку тоа и е точно, нема да го признаам, рече Дутерте во интервју за АБС-ЦБН њуз.
Ново на Сител
-
Илјадници верници во црквите во Охрид
-
Г. Петар: Со Цариград во моментов нема преговори, не можеме да преговараме околу тоа што сме и кои сме
-
Колешино - Село со пример за верски соживот
-
Д-р Митов: Науката потврди дека јајцата можат да бидат корисни за здравјето, но да не се претерува
-
Ахмети ја потврди комуникацијата со Таравари - ВЛЕН најавува спојување во една партија
-
Германија ќе отпушти 1/3 од вработените, драстични отпуштања кај нас нема да има
-
Христијаните ширум светот го празнуваат Велигден
-
Преглед на вестите од светот