Loading Video...
Спорт плус
25. December 2020 - 17:29

Дуелите против Бугарија дел од традиционалниот турнир „Чајка“

Македонската одбојкарска репрезентација веќе десетина дена се подготвува за јануарските квалификации преку кои ќе се брна нов настап на  ЕП.
 
Иако тимот сеуште не е комплетиран, недостасуваат неколкумина интернационалците, сепак избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ ги одработуваат подготовките, во чиј склоп ќе бидат и четирите контролни натпревари против селекцијата на Бугарија. 
 
Првите два ќе се играат во Скопје, а ќе бидат дел од традиционалниот веќе 44-ти турнир „Бранко Хаџииљоски - Чајка“. 
 
Натпреварите ќе се играат на 29-ти (од 18 часот) и 30-ти декември  (16 часот), а возвратните два, во Софија ќе се играат по новогодишните празници. 
 
Квалификацискиот турнир во кој за противници ќе ги имаме репрезентациите на Турција и БиХ на програмата е од 11 до 16 јануари во Скопје 
 
За остварување на целта, односно ново учество на Европско првенство, македонските одбојкари имаат две варијанти. Првата да се освои првото место во групата, а доколку се заврши на втората позиција, тогаш мора да бидеме меѓу петте најдобри второпласирани репрезентации во седумте квалификациски групи