Државната опера и балет од Измир гостува на Танц фест
Државната опера и балет од Измир, Турција, вечер ќе настапи во Македонскиот народен театар во рамки на фестивалот Танц фест 2016 со претставата „Боите на танцот“. Во претставата е во кореграфија на Мехмед Балкан, а на музика на Ерим Ардал и Ј. С. Бах, а ќе настапат дваесетина ексклузивни танчери на турскиот балет
Мехмед Балкан се смета за еден од најзначајните кореографи, не само во Турција, туку и на европската танцова сцена. Како млад танчер Балкан е добитник на награда на Светскиот балетски конкурс во Варна, по што развива светска танчерска кариера и настапува и на сцената на Метрополитен во Њујорк. Тој е долгогодишен уметнички директор, меѓу другото и на Националниот балет од Лисабон, Португалија, и како кореограф има остварено соработка со голем број значајни светски танцови ѕвезди и кореографи. Во моментов е главен кореограф и раководител на Националните балети во Турција како дел од Директоратот за култура во Анкара.
Во Турција постојат шест Државни опери и балети, кои се на исклучително високо уметничко и професионално ниво, со долгогодишна традиција.
Државната опера и балет од Измир е основана во 1982 година. Таа е една од најголемите уметнички институции во земјата, со голем број продукции. Оваа уметничка куќа ја промовира уметноста на танцот во својот регион и е предводник во запознавање на пошироката публика со танцот.
Балетот при Државната опера и балет од Измир, има остварено голем број турнеи во Турција, но и надвор од неа, секогаш со голем успех, заради високиот уметнички квалитет на продукциите и на танчерите, посочуваат од Танц фест. Нивните продукции се прикажуваат во Кипар, Германија, Италија, Франција, Шпанија, Кина, Босна и Херцеговина, Јапонија, Пакистан.
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола