-->
-->
ОН: Драстично ќе се намали бројот на мигрантите кои ќе стигнат во Европа преку Медитеранот
-->

Службата на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) драстично го намали бројот на предвидениот број мигранти кои ќе пристигнат оваа година во Европа преку источниот дел на Средоземното Море.
Во јануари се очекуваа околу еден милион лица, а сега предвидениот број е намален до 248.000 мигранти. Во него се вклучуваат и 156.000 лица, кои веќе пристигнале во Европа преку Медитеранот.
Прогнозирањето не го предвидува бројот за другиот главен миграциски пат кон Европа, а тоа е од Либија преку Средоземното Море до Италија.
Бројот на мигрантите, кои пристигнуваат во Европа преку Турција и Грција, значително е намален откако Анкара и ЕУ постигнаа договор за ограничување на миграцискиот прилив.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри
-

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени
-

Запленета брендирана стока и разновиден алат, две лица приведени | ФОТО
-

СДСМ утре ќе го бира новото раководство
-

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
-

Од денеска нова авиолинија од Скопје до Прага на „Визер“
-

Седница на собраниската Комисија за европски прашања
-

Нетанјаху обвинува по масакрот во Сиднеј: Австралија го поттикнува антисемитизмот со признавање на палестинската држава
