Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“

Поранешниот британски премиер Гордон Браун изјави дека ситуацијата со која се соочува Кир Стармер е „сериозна“ и посочи дека лидерот на лабуристите бил „премногу бавен за да ги направи вистинските работи“ за да ја исчисти политиката по скандалот со Питер Манделсон, јави ДПА.
Сепак, Браун го поддржа сегашниот премиер Стармер како „човек со интегритет“ кој бил „предаден“ од Манделсон.
Лондонската Метрополитенска полиција соопшти дека истрагата за Манделсон за наводно лошо однесување при јавна функција „ќе потрае некое време“ откако полицајците завршија со претресот на неговите домови во Лондон и Вилтшир.
Заменик-помошникот комесарот на Метрополитенската полиција, Хејли Сјуарт, изјави: „Можам да потврдам дека полицајците од централниот специјализиран тим за криминал на Метрополитенската полиција извршија претреси на две адреси, една во областа Вилтшир и друга во областа Камден.
„Претресите беа поврзани со актуелна истрага за злоупотреба на службена должност во која е вклучен 72-годишен маж, пренесе германската агенција.
„Тој не е уапсен и истрагите се во тек“, појасни Стјуарт, додавајќи дека „ова ќе биде сложена истрага што бара значително количество дополнително собирање и анализирање на доказите“.
„Ќе биде потребно извесно време за да се заврши оваа работа сеопфатно и нема да даваме коментар во моментов“, реле заменик комесарот на Метрополитенската полиција.
Скотланд Јард ја започна својата истрага по обвинувањата дека Манделсон му испратил пазарно чувствителни информации на педофилскиот финансиер додека бил бизнис секретар во владата на Браун за време на финансиската криза.
Браун рече дека жали што му го дал на Манделсон неговото благородништво и го вратил во владата во 2008 година, додавајќи дека се чувствувал „шокиран, тажен, лут, предаден, разочаран“ кога ги видел пораките на Епсти објавени од Министерството за правда на САД.
Позицијата на Стармер е во опасност поради неговата одлука да го назначи Манделсон за амбасадор во САД и покрај тоа што знаеше дека неговото пријателство со озлогласениот финансиер Епстин продолжило по неговата пресуда за проституција на малолетничка во 2008 година.
На прашањето каква е неговата порака до Лабуристичката партија за иднината на лидерот Стармер, Браун за програмата „Денес“ на Радио 4 на Би-Би-Си изјави дека „ова е очигледно сериозно.
„Мислам, секогаш има шпекулации. Ми се случи мене, му се случи на Тони Блер. На секого му се случува за тоа како треба да се процени нивната иднина.Но, ова е сериозно, а задачата е многу јасна“.
„Задачата е да го исчистиме системот, целосно чистење на системот, крај на корупцијата и неетичкото однесување. И ако не го сториме тоа, ќе платиме висока цена“, рече Браун.
На прашањето дали Стармер е вистинскиот човек да ја води земјата напред, тој рече: „Можам да го погледнам во очи и можам да видам дека е човек со интегритет. Тој сака да ги прави вистинските работи.
„Можеби бил премногу бавен во правењето на вистинските работи, но мора да ги прави вистинските работи сега, и да процениме што прави, врз основа на тоа што ќе се случи во следните неколку месеци кога ќе се обиде, и верувам дека (тој) ќе се обиде, да го исчисти системот.“
МИА
Ново на Сител
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
-

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка
-

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати
-

Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
-

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
-

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони
-

За шест месеци на ГП „Блато“ кај Дебар минале над 778 илјади патници, што е историски рекордна фреквенција
-

Водата во Гостивар забранета за пиење
