Македонија
16. July 2016 - 12:23

Драма во Волково: Старец гасел пожар и се запалил

Вчера во 11.37 часот било пријавено во населбата Стопански двор-Волково во непосредна близина на обиколницата имало опожарена сува трева, при што некој од жителите се обидел да го локализира пожарот и се здобил со изгореници по нозете.

Од страна на полицискиски службеници, соопшти денеска МВР, било констатирано дека настанал пожар и била зафатена сува трева околу 1000 м/2, при што Л.А.(1936), пристапил во гаснењето на пожарот, но истиот се здобил со изгореници по нозете (стапалата). Тој бил пренесен во ГОБ-Наум Охридски, каде што му се констатирани телесни повреди во вид на изгореници и по укажаната медицинска помош бил пуштен на домашно лекување. Пожарот бил целосно локализиран од страна на екипа од БППЗ.