Драма во скопско: Брутално си ја претепал својата мајка, полицијата го уапси насилникот
Семејна драма се случила вчера во скопското село Марино, синот си ја претепал својата родена мајка. Како што информира полицијата, вчера во 22,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Е.К.(48) пријавила дека истиот ден околу 20,30 часот додека седела во својот дом во село Марино заедно со нејзиниот син Х.К.(22), истиот почнал да ја навредува и во еден момент физички ја нападнал. Потоа продолжил да и се заканува дека повторно физички ќе ја нападне, а Е.К. излегла од домот и се упатила во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар и била констатирана тешка телесна повреда (скршеница на долниот дел на подлактицата на левата рака).
По превземени мерки Х.Т. бил приведен во полициска станица и со истиот бил извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Пратенички прашања: Судство, ИПАРД фондови, ЕУ интеграција
-

Мицкоски тврди дека Уставен го укинал линеарното покачување на пензиите, судот демантира
-

Апасиев ја свика постојаната Анкетна комисија за пожарот во Кочани
-

Во Македонија нема ниту еден политичар со интегритет, сметаат граѓаните
-

Агелер: 100% сум сигурна дека Владата работи напорно на интеграциите
-

ЕСМ ќе ѝ продава поскапа струја на ЕВН за околу 5%
-

Ѓорѓиевски: Целосно нормализирање на процесите со Комунална хигиена на пролет
-

Пратенички прашања во Собранието
