ДПМ ќе ги соопшти најуспешните остварувања од издавачката продукција
Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ги соопшти добитниците на наградите за најуспешни остварувања од издавачката продукција во минатата година.
Ќе бидат соопштени добитниците во категориите „Стале Попов“ за најдобра прозна книга, „Ацо Шопов“, за најдобра поетска книга, „Димитар Митрев“, за најдобра книга критики и есеи, „Ванчо Николески“, за најдобра книга за деца, и наградата „Книжевен мост“, за најдобра книга објавена на јазиците на националностите во Република Македонија.
Признанијата на добитниците ќе им бидат врачени на 12 февруари, на Свечениот собир по повод 69-годишнината од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија.
За доделување на годишните награди на ДПМ решаваа пет жири комисии составени од академици, универзитетски професори, критичари, есеисти и автори од сите жанрови, и тоа: Милан Ѓурчинов, Оливера Ќорвезироска, Димитар Пандев, Стојан Тарапуза, Кристина Николовска, Жарко Кујунџиски, Јелена Лужина, Ресул Шабани, Иван Чаповски, Маја Јакимовска Тошиќ, Мито Спасевски, Бранко Цветкоски, Делвина Керлуку, Кочо Топузоски и Блаже Минески.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика