Дозволи за берење шумски плодови
Дваесет и пет жители на Кавадарци и Росоман годинава побарале дозволи за берење шумски плодови од подружницата на јавното претпријатие на „Македонски шуми“, “Бор” од Кавадарци.
- Една дозвола изнесува 400 денари и се однесува за сите шумски плодови и лековити растенија кои можат да се најдат во Тиквешкиот атар, најчесто на висорамнината Витачево и планината Кожуф. Се работи главно за печурки, малини, капини, боровинки, смрекинки, најразновидни билки и други плодови кои можат да се сретнат во природата, изјави Петко Ристовски од подружницата.
Се очекува, како што рече, зголемување на бројот на издадени дозволи, особено во периодот што следува бидејќи дел од берачите на шумски плодови се заинтересирани за берба на боровинки и смрекинки.
Ристовски информира дека досега не биле регистрирани берачи на шумски плодови без дозвола. Тој појасни дека сите на време биле информирани за високите казни за прекршителите на законот.
Ново на Сител
-
МВР: Приведени 19 лица на фестивал во Дојран, кај нив била пронајдена дрога
-
Мицкоски: На господинот Филипче му посакувам успешна работа, да бидат конструктивна опозиција | ВИДЕО
-
Високи претставници на демократите во САД отфрлаат засега можност за замена на Бајден поради повиците тој да се откаже од трката за претседател
-
Пожарите во близина на Атина без активно жариште
-
Бобан Николовски ја презеде функцијата директор на Царинска управа
-
ЈП ПОЦ минатата недела со санкции за 203 непрописно паркирани возила
-
Светска банка: Северна Македонија треба да спроведе реформи за справување со заканите поврзани со климатските промени
-
Едно лице загина, а едно е повредено во пукање во село Батинци, полицијата трага по сторителите