Доживотен затвор за Германка за убиство на своите 5 деца - им дала лекови за смирување, па ги задушила
28-годишна Германка е осудена на доживотен затвор бидејќи минатата година си ги убила сопствените 5 деца.
Опишувајќи ги убиствата како голема трагедија, судот во Вупертал кажа дека поради сериозноста на злосторството таа нема да може да бара помилување ниту по отслужувањето на 15 години од казната.
Убиствата кои ја згрозија цела Европа се случија лани во септември во Золинген. Таа прво им дала лекови за смирување на децата, а потоа ги задушила. Тие биле на возраст од 18 месеци до осум години. Откако ги убила децата, таа се обидела да се самоубие, скокајќи пред воз на железничката станица, но преживеа.
Жената цело време молчела за време на судењето, на кое еден експерт сведочел дека не е ментално болна, но е нарцисоидна личност. Се верува дека ги убила децата откако видела фотографија од нејзиниот сопруг со новата девојка.
На денот на убиствата наводно му испратила порака дека веќе никогаш нема да си ги види децата.
Ново на Сител
-
Уапсен платен убиец во Белград
-
Пронајдени мигранти во гевгелиско, приведени две лица
-
Полициска акција во угостителски објект во Охрид
-
Инспектори од Град Скопје затекнале лица кои создавале депонија на приватен имот и ја палеле
-
Пејачот Лијам Пејн пронајден мртов
-
Детали за тешката сообраќајка кај Катланово во која три лица загинаа
-
Без вода делови од Скопје
-
Мексиканскиот суперполицаец осуден на 38 години затвор за примање мито од картелите