Loading Video...
Свет
16. October 2024 - 19:54

Преглед на вестите од светот

Мината недела во австрискиот град Санкт Пелтен била разбена група повзрана со  терористичката организација Исламска држава. Главен на групата бил 20 годишен македонски државјанин кој е осуден на петгодишна затворска казна објави, Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот во Австрија. Од таму соопштија дека македонскиот државјанин не само што бил водач на  на групатат туку и регрутирал нови членови. Тој веќе бил познат на властите по неговите активности и поддршка за Исламска држава преку неколку графити во близина на главната железничка станица во Санкт Пелтен во 2023 година, пренесуваат австриките медиуми.

Три лица  за влакно избегнаа делови од зграда да паднат врз нив за време на земјотресот во Источна Труција утрово. Видео снимката е од улица во градот Елазиг. Потресот беше со  јачина од 5,9 степени според Рихетровата скала со епицентар во близина на градот Малатија. Според управата за управување со катасфори и вонредни состојби повеке станебени згради се оштетени, но нема жртви.

Италија ја испрати првата група мигранти во Албанија. Бродот Либра на италијанската морнарица    со 16 мината мажи од Бангладеш и Египет утрово пристигна на пристаништето Шенѓин. Солгасно договорот помегу двете земји , мигрантите  прво ке бидат донесени во прифатниот центар  во Шенѓин  за идентификација и здравствени прегледи   а пота ке бидат префрлени во прифатниот  центар  во Ѓадр, каде што ке бидат сместени и ке го чекаат одговорот на Рим  на барањето за азил. Превидено е процедурата да трае околу четири недели –доколку добијат азил ке им биде одобрен влез во Италија, во спротивно, тие ќе бидат вратени во земјата на потекло.  Центрите ги изгради Италија и се под  нејзина  надлежност.  Договорот предвидува  мигрантите да не можат да го напуштат кампот во Ѓадр и слободно да се движат во Албанија. Во кампот можат да престојуваат 3000 мигранти истовремено. Во Албанија ќе се носат само мажи кои италијанските власти ќе ги фатат додека го минуваат централниот Медитеран и кои според Рим доаѓаат од  безбедни земји.