Свет
4. November 2021 - 13:42

Доживотен затвор за Германка за убиство на своите 5 деца - им дала лекови за смирување, па ги задушила

28-годишна Германка е осудена на доживотен затвор бидејќи минатата година си ги убила сопствените 5 деца.

Опишувајќи ги убиствата како голема трагедија, судот во Вупертал кажа дека поради сериозноста на злосторството таа нема да може да бара помилување ниту по отслужувањето на 15 години од казната.

Убиствата кои ја згрозија цела Европа се случија лани во септември во Золинген. Таа прво им дала лекови за смирување на децата, а потоа ги задушила. Тие биле на возраст од 18 месеци до осум години. Откако ги убила децата, таа се обидела да се самоубие, скокајќи пред воз на железничката станица, но преживеа.

Највозрасното дете, кое тогаш имаше 11 години, во тој момент било кај баба му.

Жената цело време молчела за време на судењето, на кое еден експерт сведочел дека не е ментално болна, но е нарцисоидна личност. Се верува дека ги убила децата откако видела фотографија од нејзиниот сопруг со новата девојка.

На денот на убиствата наводно му испратила порака дека веќе никогаш нема да си ги види децата.