-->
-->
Дождот го прекина мечот на Јотовски и Русевски во двојки
-->
Дождот во Скопје и на терените на „Тенис парк“ не дозволи денеска да се реализира комплетната програма, а единствено без завршница остана дуелот на македонската двојка Томислав Јотовски и Предраг Русевски против вторите носители Љубомир Челебиќ и Дарко Јандриќ. Мечот е прекинат во вториот сет при резултат 1:1, а првиот сет го добија Јотовски и Русевски со 6:4 во гемови.
Попладнево анстап во двојки имаше и Шендрит Деари заедно со Вулнет Таши (Швајцарија), но загубија од Хрватите Биљешко и Гојо.
Продолжението на мечот ќе биде утрe, не пред 15 часот и по времето за одмор за Јотовски. Според програмата на теренот број 1 први четвртфиналето ќе играат Горазд Србљак против вториот носител Клаудио Фортуна од Италија, потоа е дуелот на Јотовски против првиот носител Ричард Габ (Велика Британија)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
ДСЗИ утре ќе го објави извештајот од надзорот за починатото 5–годишно девојче на детската клиника
-
ВМРО ДПМНЕ обвинува: СДСМ и ДУИ недоволно ги користеле апаратите за магнетна резонанца, а пациентите чекале
-
Власта да се откаже од новогодишната кошничка, бара СДСМ
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо
-
Преглед на вестите од светот