Донарума напиша проштално писмо на навивачите на Милан
Поранешниот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума, кој е близу до трансфер во ПСЖ, објави проштално писмо до навивачите на „росонерите“.
– Понекогаш е тешко да се направи избор, но тоа е дел од развојот на една личност. Дојдов во Милано скоро како дете. Осум години со гордост го носам овој дрес. Се боревме, издржавме, победувавме, плачевме, се радувавме заедно со нашите соиграчи и тренери. Секој што го сторил ова, како и нашите фанови, исто така бил составен дел од нашето семејство со текот на годините.
Во дресот на „росонерите“ постигнав и важни лични достигнувања, како што беше моето деби во Серија А на 16 години. Овде поминав прекрасни години кои никогаш нема да ги заборавам.
Сега е време да се разделиме. Понекогаш промената е исправна. Преземам нови предизвици за развој и усовршување.
Сите „росонери“ што ги сретнав од првиот до последниот ден во клубот засекогаш ќе останат во моето срце како важен и вистински фундаментален дел од животниот пат, благодарение на што станав она што сум денес.
Му посакувам успех на Милан и го правам тоа искрено со сето свое срце. Љубовта кон овие бои и ова чувство не подлежи ниту на далечина ниту на време, напиша Донарума.
Дваесет и двегодишниот голман во неделата беше прогласен за најдобар играч на Европското првенство кое го освои италијанската репрезентација.
Ново на Сител
-
Црвен крст и МВР ќе потпишат Меморандум за соработка
-
Украина се повлекува од договорот за забрана на противпешадиски мини
-
Се уште гори на две локации - во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок