Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
Семејствата во земјите од Европската унија повеќе претпочитаат да имаат домашни миленици отколку деца. Во 2024 година, според податоците на Евростат, во ЕУ имало речиси 202 милиони семејства, а само 47,6 милиони (23,6%) од нив имаат деца, додека 76,4% се бездетни. Домашни миленици, пак, имаат околу 91 милион европски домаќинства (46%).
Највисок удел на семејства со деца има во Словачка (35,6%), Ирска (31,0%) и Кипар (28,6%). Спротивно на тоа, најниски удели се регистрирани во Финска (18,0%), Литванија (19,6%) и Германија (20,1%).
Општина Илинден за прв пат воведува доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденче, кои се со живеалиште на подрачјето на општината.
Од семејствата со деца, речиси половината (49,8%) имаат едно дете, 37,6% две, а 12,6% имаат три или повеќе деца.
Домаќинствата со едно дете се доминантни во сите земји од ЕУ, освен во Холандија, каде што уделот на домаќинствата со две деца е поголем. Семејства со три или повеќе деца се најбројни во Ирска 20,6%, 18,1% во Шведска и 17,4% во Финска.
Речиси половина од семејствата во ЕУ чуваат домашни миленици. Вкупниот број на домашни миленици е околу 340 милиони, од кои 127 милиони мачки, 104 милиони кучиња, 53 милиони птици, 29 милиони мали цицачи, 22 милиони аквариумски риби и 11 милиони терариуми.
Според Федерацијата на европската индустријата за храна за домашни миленици (FEDIAF), европејците само за исхрана на своите миленичиња, годишно трошат околу 30 милијарди евра, а уште 24,5 милијарди за други поврзани производи и услуги.
Во Македонија, пак, според последниот попис има 538.348 семејства, а од нив околу половината имаат најмалку едно дете.
Што се однесува до домашните миленици, точна статистика нема. Според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство, во 2023 имало 84.949 регистрирани миленици, но се проценува дека нивниот број е поголем и достигнува над 200 илјади.
Во 2024, пазарот на храна за миленици земјава надминал 32 милиони долари.
МИА
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци