До Народниот правобранител лани поднесени над 80 претставки за заштита од дискриминација
Лани се поднесени над 80 претставки до Народниот правобранител за заштита од дискриминација, а најчесто граѓаните се жалат на дискриминација на работно место, мобинг, дискриминација при вработување на одредени работни места и дискриминација по етничка и верска припадност, рече Славчо Тимов, заменик народен правобранител од Подрачната канцеларија во Струмица на денешната трибина за предизвиците во спроведувањето на законот за спречување и заштита од дискриминација на локално ниво што се одржа во организација на Локалното тело за заштита од дискриминација на општина Струмица.
Додаде дека почести случаи на дискриминација, за кои се поднесуваат претставки до Народниот правобранител, се однесуваат на лица од ромска националност при излегување на граничните премини.
-Тие се третираат како лица кои излегуваат со намера да бараат азил во други земји, што во 90 отсто од случаиите не е точно, подвлече Тимов.
Според „Мрежата за заштита од дискриминација“ преку овие трибини се промовира кампањата „Дискриминацијата завршува со мене!“.
-Ние сме посветени на побрзото формирање на Комисијата за заштита од дискриминација, но за жал и покрај донесувањето на новиот закон комисијата се уште не е формирана од Собранието, така што граѓаните скоро шест месеци се без никаква заштита од телото кое треба да се грижи за заштита на нивните права, смета Елена Петровска од Мрежата за заштита од дискриминација.
На трибината се обрати и координаторката на Локалното тело за заштита од дискриминација на Општина Струмица, Нела Масалковска. Истакна дека ова тело е формирано во 2016 година и негова цел е да се создаде фер општина за сите граѓани кои што ќе бидат еднакви и рамноправни.
Лани локалното координативно тело подготвило и Акциски план за заштита и спречување на дискриминацијата, а неговите активности се финансирани од општинскиот буџет.
Ново на Сител
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Tема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и еден од лидерите во ВРЕДИ
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Кога Владата официјално ќе го предложи Азир Алиу за нов министер за здравство?
-
За три децении 18 министри за здравство – Tаравари со два мандати, Tодоров најдолго во министерската фотеља
-
Две обвиненија за скопските криминални банди - вршеле нарачани убиства, тргувале со дрога
-
Почна сослушувањето на родителите за трагедијата во „Пулс“
-
СДСМ обвинува за партиски зделки во МВР