-->
-->
До крајот на август нови трибини на фудбалскиот стадион во Пехчево
-->
До крајот на август треба да заврши изградбата на трибините на градскиот фудбалски стадион во Пехчево, кои ќе бидат со капацитет на 1200 места.
Како што информираше Живко Каликов, соработник за односи со јавноста во Општина Пехчево, со овие градежни работи градскиот стадион во Пехчево кој е и најстар спортски објект во оваа општина, ќе претрпи сериозни инвестиции и ќе добие услови какви што заслужуваат гледачите и клубот.
- Новата модерна трибина ќе биде со капацитет од 1.200 места, а до крајот на август треба да завршат работите на просторот на северната трибина со што ќе се обезбедат подобри услови за следење на фудбалските натпревари и ќе биде попривлечен и за публиката, па и за натпревари од повисок ранг, рече Каликов.
Пехчевскиот стадион во неколку наврати беше саниран, но не овозможуваше поволни услови за следење на фудбалските натпревари. Инаку, пехчевскиот фудбалки клуб „Кит-Го“ оваа сезона 2016/2017 ќе игра во третата македонска фудбалска лига – Исток.
– Пехчево заслужува да има објекти кои ќе го унапредуваат спортот. Фудбалот има многу гледаност во овој град и гледачите заслужуваат да следат натпревари во услови слични на оние во другите градови. Овој зафат ќе овозможи да имаме трибина според вискоите стандарди на ФФМ, рече Каликов.
Инвестицијата на градежните работи е на фирмата „Кит-Го“ Штип и хотел „Гогов“ – Пехчево, како и на општина Пехчево, а изведувач на градежните работи е фирмата Стоименов од Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк
-
„Марш за ангелите“ во Кочани