До 30 октомври рок за продолжување на правото на студентска стипендија
Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на правото на студенстка стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување, дека рокот за аплицирање почнува од утре, 1 октомври, и трае до 30 октомври 2025.
-Корисникот на стипендија треба на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, уверение со положени испити (кое го издава факултетот) и уверение за предвидени и положени испити (УППИ) образец со успех од претходните години (го полнува и заверува факултетот) и индекс (од прв запишан семестар до последен заверен семестар) како доказ дека има положено 80%, односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех при студирањето, согласно договорот / решението за доделување на стипендијата, соопшти МОН.
За каква било информација или прашање во врска со правото на студентска стипендија студентите може да се обратат на електронската адреса: studentskii.stipendii@mon.gov.mk .
МИА
Ново на Сител
-
Грција денеска парализирана од генерален штрајк
-
Трет ден кампања за Локалните избори 2025
-
Самит за дигитализација на Западен Балкан 2025 во Скопје
-
Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер
-
Генералниот секретар на ОН го поздрави мировниот план на Трамп
-
УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани
-
Истрага против тројца турски државјани, му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат
-
РКЕ: Прекин на испораката на гас