Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 3.687.688 лица. Од нив починале 255.138, а оздравеле 1.220.637 луѓе.
– Најмалку 12 земји, вклучувајќи ги Германија, Италија и Шпанија, почнаа да ги ублажуваат рестриктивните мерки, воведени со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус, што претставува еден вид тест кој треба да покаже дали може да се спаси економијата, а животот на граѓаните да не биде загрозен.
– Во Германија еден дел од децата се вратија на училиште. Во земјата, каде се потврдени 183.100 заразени и 6.682 смртни случаја, се отворени зоолошките градини, музеите, фризерските салони, кои беа затворени кон средината на март.
– Шпанија полека го враќа нормалниот живот. Прво се отворени малите продавници и фризерските салони.
– Франција се подготвува да започне со ублажување на рестриктивните мерки од 11 мај.
– Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им дозволи на своите граѓани да излегуваат колку и каде сакаат.
– Во САД во последните 24 часа починаа 1.015 лица, што е најмалку за еден месец.
– Во Бразил во последното деноноќие регистрирани се повеќе од 4.000 новозаразени случаи, а починале 263 лица.
– Бројот на заразени во Мексико достигна речиси 25.000, а починати се 2.271 лице.
– Сирискиот претседател Башар ал Асад предупреди дека земјата би можела да се соочи со „вистинска катастрофа“ доколку бројот на заразени случаи драстично се зголеми и го оптовари здравствениот систем.
– Во Иран се потврдени речиси 99.000 заразени случаи со коронавирус и над 6.000 починати.
– На Нов Зеланд втор ден по ред не е регистриран нов случај на инфекција, но земјата сепак нема уште долго време да ги отвори границите.
– Светската здравствена организација ги повика земјите да ги испитаат своите претходни случаи на коронавирус. Се смета дека француското откритие со случајот на коронавирус од декември 2019 година дава нова и почиста слика за пандемијата.
– Во затворите во Тексас речиси 1.300 затвореници се позитивни на коронавирус.
– СЗО предупреди дека е потребно да се испита ефикасноста и нус појавите на лековитите растенија, како што е слаткиот пелин (Artemisia annua), кои од неодамна се рекламираат како потенцијален лек против Ковид-19.
– Хонгконг од петок ќе почне да ги ублажува некои од мерките за социјално дистанцирање. Од 8 мај ќе бидат дозволени собирања до осум луѓе, а ќе почнат со работа и фитнес центрите, театрите, козметичките салони и салоните за масажа.
– Компанијата „Најк“ ќе донира 30.000 обувки за здравствените работници во САД кои се борат против Ковид-19. Станува збор за обувки кои се посебно дизајнирани за здравствените работници.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп