ДКСК нема покрената постапка пред Управен за указите на Иванов, ако не биле надлежни требало да го отфрлат предметот
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) нема покренато постапка пред Управен суд за именувањата односно указите направени од страна на поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов за време на изборниот процес. Кабинетот на поранешниот претседател поднесе тужба за ДКСК пред Управниот суд. Доколку тој суд не е надлежен требаше да го отфрли предметот.
Ова денеска го изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска одговарајќи на новинарско прашање зошто Антикорупциската комисија покренала управна постапка за указите на поранешниот претседател Иванов и дали заради тоа ќе поднесе оставка од морални причини или ДКСК ќе покрене иницијатива пред Уставниот суд.
Таа појасни дека ДКСК констатирала оти претседателот Иванов за време на изборниот процес го прекршил Изборниот законик и извршил именување, а за таа дејност во Изборниот закон е пропишана прекршочна казна. Донесовме одлука, подвлече Ивановска, дека претседателот на државата согласно со Изборниот законик треба да плати за таа прекршочна постапка.
Управниот суд, истакна Ивановска, ја известил ДКСК за тужбата поднесена од поранешен претседател, на што од Антикорупција, како што рече, дале одговор зошто донеле таква одлука. Одлуката на ДКСК била отфрлена од страна на Управниот суд затоа што, како што појасни претседателката на Антикорупција, во ДКСК не го повикале Иванов да дојде да се изјасни и за други формални причини.
– Затоа одиме понатаму на Вишиот Управен суд. Тој предмет ДКСК го има отворено по сопствена иницијатива, ние немавме обврска таа одлука да ја доставуваме до поранешниот претседателот Иванов, изјави претседателката на ДКСК Ивановска, на денешната презентација од Здружението на граѓани „Транспарентност Македонија“ на првиот квартален извештај за следењето на работата и постигнувањата на Антикорупциската комисија, со оценка за ефикасноста и транспарентноста.
Инаку, ДКСК има поднесено иницијативата до Уставниот суд за оценка на уставноста на законот за поранешен претседател, од аспект на тоа дали бенефициите на поранешните претседатели на државата треба да се уредуваат со закон имајќи предвид дека претседател на држава е уставна категорија.
Ивановска информира дека ќе побараат да се раскинат договорите на поранешните претседатели, ина Бранко Црвенковски и на Ѓорге Иванов, затоа што, потенцира, во законот стои дека треба да им се обезбеди канцелариски простор, а не државата да плаќа закуп за тој канцелариски простор.
– Сметам дака може да им се обезбеди канцелариски простор во државна сопственост и тие ќе можат и понатаму да функционираат, а притоа државата ќе заштеди околу 60 илјади евра годишно, рече претседателката на Антикорупција.
До Собранието иницијативата од ДКСК ќе се однесува на временско ограничување на привилегиите на пратениците.
Ново на Сител
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
-
Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Мицкоски: Изненаден сум од Главчев дека ќе нема промена на позициите
-
ЗНАМ го достави текстот на Платформата за национално обединување до ВМРО-ДПМНЕ
-
Ќе ги исклучиме сите семафори во Скопје ако нема плата, рекоа вработени во Улици и патишта
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Кривична пријава за полицаецот кој го пропуштил Груби на граница