-->
-->
Директорот на ФК „Слога“-Виница тепал фудбалер на противничката екипа пред почеток на натпреварот
-->
На 04.05.2025 во ОВР Виница, М.Д.(35) од с.Стар Караорман, штипско, фудбалер на ФК „Карбинци“, пријави дека околу 15 часот во службени простории на ФК „Слога“ од Виница, на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Слога“ Виница и ФК „Карбинци“, бил физички нападнат од Д.М.(42) од Виница, претседател на ФК „Слога“, додека комесарот за безбедност на ФК.„Слога“, Н.К.(40) од Виница ја држел затворена вратата за влез на другите фудбалери од екипата на ФК „Карбинци“.
Во врска со настанот, во полициска станица е извршен службен разговор со Д.М. и Н.К.. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Климатските промени го уништуваат езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Светска банка: Со ваков раст на БДП стандардот на европските граѓани ќе го стигнете за 60 години
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ